ГЕЦ Актуелно

Во рамките на своите активности ГЕЦ-центарот за енергетска ефикасност и обновливи енергии (www.gec.mk) отпочна со првите курсеви-обуки предвидени со проектот.

На 30.11.2010 со мала свеченост беше пуштена во работа „Соларната Школа“. Од страна на Германската Амбасада, заменикот абасадор г-дин Walter Leuchs го поздрави етаблирањето на ваква школа во Македонија.
Во присуство на учесниците на курсот и претставници од информативните медиуми, за школата говореа г-ѓа д-р.Антонија Јосифовска, декан на ФБЕ И д-р.Uwe Hartmann, претставник на DGS од Берлин, партнер во проектот.

.

Од 29.11.2010 до 02.12.2010 беше одржан четвртиот курс на тема „Енергетска ефикасност во градежни објекти” и „Градежна термографија”. Предавачи беа др. Uwe Hartmann и др. Gunter Ludewig од DGS-Берлин.

.

.

Во рамки на проектот „Енергетска ефикасност со акцент на фасадна технологија“ (ADA/STO-Проект) на објектот во кој се наоѓа ФБЕ (и ГЕЦ), се извршуваат градежни работи за термичка санација на објектот, па учесниците на курсот имаа можност на лице место да следат одвивање на работите.

.

.

.

 

Од 20 до 23 септември 2010г. беше одржан третиот курс, со тема „Фотоволтаични островски системи“.

Предавањата ги одржа Dr.Uwe Hartmann од DGS-Berlin, а учество на курсот земаа 10 посетители.

 .

.

.

Од 17 до 21 Мај 2010 беше одржан вториот курс на тема PV-Фотоволтаик кај вмрежени системи. Обуката ја изведоа предавачи од Германија. Користени беа наставни средства од типот SolarTrainerProfi, исто така од Германија.

.

.

.

.

.

Во периодот 07-11 декември 2009 беше одржана првата обука на тема Солартермија. Предавачи беа претставници на ДГС- сончева енергија  од Германија и Феникс од Франција, а во обуката учерствуваа првите 10 кандидати од Македонија. Испитот за знаењата стекнати по оваа тема треба да биде одржан на пролет 2010 кога се продолжува со вториот курс (тема фотоволтаик).

 .

.

.

.

.

.

.

.

.

.

.


Пилотобјект
Проектен концепт
Вештачење (превод)
Известување од Топлификација (заштеда на грејна енергија од 50%)



.

 

 

 

© Copyright by GEC 2008. Сите права се задржани.


Линкови

Договор за соработка ЕА/ГЕЦ

 

 

Site Meter